Ако мислевте дека морате да имате совршено лице или тело за да им привлечете внимание на мажите – се лажете. Повеќето од нив сметаат дека жените со малку понезабележлива шминка се многу попривлечни и дека во нивното друштво се чувствуваат попријатно. Откријте кои особини ги ценат мажите кај поубавата половина и кои се поважни од физичкиот изглед.
Необична смисла за хумор
Мажите сакаат жени со кои можат да се смејат. А колку понеобична и „повалкана“ смисла за хумор имаат, толку подобро. При тоа не мора да има сексуална алузија, но пожелно е да биде по малку итра.
Мажите ги сакаат вашите недостатоци
Можеби не ги сакате вашите раце, носот, устата. Но токму поради тие посебни обележја сте му се допаднале и ве сака. Не се обидувајте да го скриете она што мислите дека не е добро бидејќи можеби токму тие работи го привлекле.
Жени што се благи и грижливи
Некои жени можеби немаат совршена фигура или црти на лицето, но се сочувствителни и грижливи. Со таа особина ќе направат мажот да се чувствува гордо и сакано, а тие всушност поради тоа за возврат ги обожаваат.