На почетокот на емотивната врска, повеќето парови се опседнати со страст. Но, како што одминува времето и бледнее страста, до израз доаѓаат сличностите и разликите меѓу партнерите, кои, всушност, се пресудни дали ќе продолжат да функционираат како пар или ќе раскинат.
Експертите за врски тврдат дека постои кратка и ефективна реченица која може да ја спаси секоја врска или брак од раскинување и развод.
Таа гласи: „Ти благодарам“.
– Најдлабокиот принцип во човековата природа е желбата да се чувствуваме ценети – вели американскиот психолог Вилијам Џејмс.
Благодарноста е подарок што им го даваме на другите и кој не не чини ништо. Заблагодарувањето преку ефективна комуникација ги подобрува односите меѓу партнерите повеќе од било што материјално.
Зошто тогаш станавме толку скржави кога треба да и кажеме „благодарам“ на „другата половина“ секогаш кога ќе направи нешто за нас?
Дали станавме премногу зафатени?
Премногу себични?
Премногу тврдоглави?
Дури и најголемите љубови паѓаат во опасна замка кога партнерите почнуваат да ги земаат здраво за готово добрите работи што „другата половина“ ги прави за нив.
Кога ќе почувствувате дека ситуацијата во вашата врска или брак станува напната, застанете и запрашајте се кога последен пат сте се почувствувале ценети. Исто така, подеднакво е важно да се сетите кога последен пат сте направиле нешто за вашата „друга половина“ да се чувствува ценето. Ова помага да се отстрани лутината, фрустрацијата, стравот и болката и ви овозможува повторно да ја фокусирате вашата енергија на добра и здрава комуникација.
Благодарноста не може да се потроши.
Обрнете внимание на она што го прави вашиот партнер и заблагодарете се за тоа. Освен што ќе го разбудите чувството за важност и благодарност кај „другата половина“, и самите ќе се чувствувате подобро.
Не претпоставувајте едно над друго – во спротивно, тоа е сигурен пат до колапс на врската или бракот.
извор:попара.мк