Таа е пролетно дете, родена во најубавиот дел од годината, месец април кога цути пролетта и буди убави чувства.
Тоа е периодот кога е роденден на нашата популарна пејачка Елена Ристеска која вчера (27. Април) наполни 35 години.
Разбирливо и очекувано, нејзините профили на социјалните мрежи беа преполни со роденденски честитки и желби за се’ најдобро, а славеничката не заобиколи да сподели дека својот роденден го прославила на отворено со неколку најдобри пријателки.
View this post on Instagram
Тие ја израдуваа со виолетова торта со пеперутки, букет од јоргован и секако музика која ја слушаа,а изборот падна на Лана Дел Реј, Мајкл Џексон, но и еден од албумите на Елена.
Од многуте честитки пак, онаа што се издвои во фокусот беше од колешката и пријателка на Елена, Каролина Гочева која се потрудила да ја најде вистинската фотографија која ги опишува нејзините емоции кон Елена.
-Среќен роденден на мојата убавица, паметница и вредница Елена Ристеска. Ископав милион заеднички слики, ама оваа најмногу доловува колку те сакам – пишува Каролина во описот на фотографијата, а ниту Елена не остана должна:
-Фала маче мое, да сме вака една до друга цел живот како што ни се родендените. И јас те сакам до месечината и назад – и возврати Елена на Каролина која исто така е родена во месец април, односно следниот ден по роденденот на Елена, односно денес 28.Април.
Среќен роденден!