Радио Милева една е мајка...

Оваа малечка убавица на старата фотографија денес е најголемата македонска поп дива, која вака и го честиташе роденденот на мајка и: „Ти прекрасна, силна, посебна жено… Те сакам“! (ФОТО)

Оваа малечка убавица на старата фотографија денес е најголемата македонска поп дива, која вака и го честиташе роденденот на мајка и: „Ти прекрасна, силна, посебна жено… Те сакам“! (ФОТО)

Годините минуваат, времињата се менуваат, но она што останува се вредностите што сме ги оставиле зад себе и секако спомените. Оние моменти и сутуации на кои со радост се сеќаваме, а дел од нив се овековечени на старите некогаш црно-бели фотографии. Некои можеби подизбледени, но не и љубовта која зрачи од нив и лицата кои се на нив, зашто љубовта вткаена во нив никогаш не исчезнува… Напротив, со годините само се зацврснува, мултиплицира, станува се посилна, безусловна, вечна… Особено ако е тоа љубов кон најмилите, најсаканите, најдрагите личности. А има ли нешто помило од мајка?

Особено кога веќе возраста доволно ја надвладува, па родендените се само бројка на која како деца и се радувавме, а сега само ја броиме, но денот никогаш не го забораваме. Зашто една е мајка, зарем не?

Токму нејзината, на македонската поп дива Калиопи Букле славеше роденден. На дамите никогаш не им се бројат годините, особено не на повозрасните, ама затоа се бројат сеќавањата, спомените, заедничките мигови исполнети со неизмерна љубов… Токму затоа Калиопи со своевиден оригинален подарок во вид на видеочеститка која ја сподели на својот Инстаграм и го честиташе роденденот на мајка и. Патем, преку црно белите фотографии ги врати и времето и годините назад, па низ овој „семеен времеплов“ славеничката ја потсети на младоста, а себе си  на своето рано детство.

Посветата покрај видеото во вид на роденденска честитка до госпоѓа мама, му дојде нешто како „јаготка на шлагот“ од роденденската торта содржана во фотографии и подвижни слики. Во неа Калиопи напиша:

„Ти прекрасна, силна, посебна жено… Те сакам… Среќен роденден мамо“!

И нека е… Зашто… Една е мајка!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Фото: Инстаграм принтскрин/kaliopi_official

To top