Родителството наводно ја менува секоја врска, а времето што нормално го поминувате заедно се претвора во континуирана низа одговорности. Ова е причината зошто има чести кавги меѓу партнерите. Една мајка се најде во таков маѓепсан круг и анонимно го сподели своето решение за тој проблем.
Мајката рече дека еден ден нејзиниот сопруг легнал малку непланирано среде ден додека децата биле будни. Следела расправија, а неколку часа подоцна, кога децата веќе спиеле, нејзиниот сопруг предложил правило, што му го кажал пријател, кој бил на совет за брак. Тоа правило вели дека секој родител добива три часа во текот на неделата што се само за нив. Тие три часа можат да се искористат одеднаш, но може и да се споделат, единствено важно е секој родител да го помине тоа време сам, правејќи што сака.
Покрај тоа, парот треба да одвои дополнителни три часа што би биле само за нив како двојка. Може да биде состанок во градот или може да биде околу половина час секоја вечер кога децата ќе спијат.
“Го користевме правилото веќе еден месец и бевме шокирани од тоа колку работите се променија. Нешто многу подлабоко се случи, целото незадоволство, тој тивок карцином што го уништи нашиот брак, едноставно исчезна”, рече таа.
извор: Попара.мк