Сведоци сме на многу бракови кои имаат помала или поголема разлика во години, а многу често брачна двојка во која мажот и жената се разделени со генерации се најостро осудени од јавноста.
Ова доведе многумина до прашањето која е всушност идеалната разлика во годините и дали ова е тајниот рецепт за долг и среќен брак. Со оваа проблематика се занимавале и студии и дошле до неколку заклучоци, а еве неколку од нив.
Според новото истражување, разликата во годините меѓу сопружниците е во корелација со успехот на бракот. Во нивната неодамнешна студија, експертите Ендрју Френсис-Тан и Хуго Мјалон ги анализираа податоците од националното истражување на повеќе од 3.000 Американци за да истражат дали и како разликите во возраста меѓу сопружниците се поврзани со ризикот од развод.
Контролирајќи ги факторите како приходите и историјата на врските, тие дојдоа до многу интересни заклучоци. Иако вистинската љубов може да им пркоси на бројките, ова истражување сугерира дека можеби постои идеална старосна разлика за која вреди да се размисли.
Анализата открива дека за паровите со разлика во возраста од нула до три години, немало значителна разлика во стапката на разводи во споредба со сопружниците на иста возраст.
Оние со разлика од четири до шест години, исто така, не покажаа дека се истакнале во однос на разводот.
Меѓутоа, кога разликата во возраста се зголемила на седум до девет години, ризикот од развод се зголемил.
Секоја дополнителна година разлика го зголемувала ризикот од развод за дури 39 проценти.
За парови разделени со 10 плус години, ризикот од развод се зголемувал за 18 проценти годишно од разделување.
Истражувачите го заклучија следново:
– Не наоѓаме докази дека времетраењето на бракот е поврзано со старосните разлики меѓу сопружниците кои се движат од нула до шест години. Сепак, откриваме дека времетраењето на бракот се намалува како што разликата во годините меѓу сопружниците се зголемува над седум години – изјавиле тие.
Генерално, податоците сугерираат дека разликите во возраста на сопружниците кои се движат од нула до шест години се идеални за брачна стабилност.
Извор: Попара