Излегува дека тајната на среќен брак лежи во возраста на парот. Ова го утврдиле американски социолози, пренесува порталот Marriage.com.
Според експертите, идеалната возраст за брак е помеѓу 28 и 32 години. Ова се објаснува со поголема смиреност и стекнато животно искуство на луѓето на оваа возраст.
Околу 30-годишна возраст, луѓето стануваат финансиски постабилни, имале време да заработат за живот и можат да се справат со воспитувањето и образованието на децата.
Според социолозите, кај ваквите парови ризикот од развод е минимален, бидејќи сопружниците знаат што сакаат од семејниот живот и имаат доволно енергија за секојдневни обврски.
Исто така, се забележува дека бракот на порана возраст има голем број на предности затоа што ги охрабрува партнерите да заработат повеќе пари, им овозможува на децата порано да се одгледуваат и така по 30 години да имаат повеќе време за себе и за своите сопружници.
извор: Курир.мк