Радио Милева заедно на сцена

Огнен Здравковски рака за рака со ќерката на македонската водителка (фото)

Огнен Здравковски рака за рака со ќерката на македонската водителка (фото)

Хуманоста е одлика на големите луѓе, а такви имаше доста кои вчеравечер го дадоа својот придонес за помош и поддршка преку хуманитарниот концерт за Лео.

На настанот кој се случуваше пред еден трговски центар во Скопје, настапуваа неколку домашни пејачи кои ја покажаа токму таа своја одлика, дека се големи со емпатија и се подготвени да помогнат кога е најтешко, а можеа преку песна.

 

Младиот пејач Огнен Здравковски беше еден од учесниците кој пееше пред насобраната публика каде пак се најде и еден мал, но негов голем фан.

Станува збор за ќеркичката на водителката Милена Антовска – Станковска, Лана Марија, која мама ја донесе на работа.

А работата беше на сцена, па каде е мама, таму е и Лана Марија, овој пат рака за рака со Огнен.

Превозбудена, пресреќна за тоа што и се случува, еуфорија најголема во детските очи.

Токму Огнен како и Лана Марија некогаш покажуваше афиниети кон музиката, а неговиот најголем идол, беше, а веруваме и денес остана – Тоше.

Можеби и Лана веќе ги праќа првите сигнали дека сцената можеби ќе биде најзиното место за да се покаже и докаже. Е сега, дали како мама во новинарските и водителските води, или пак како вујче во музичките, останува времето да покаже.

фото:Инстаграм принтскрин/Фејбук

To top