Љубов и Секс

Одите кај родителите на партнерот за празниците? Еве што треба да имате на ум!

Одите кај родителите на партнерот за празниците? Еве што треба да имате на ум!

Сè уште сме во празнична сезона, а ни претстојат Нова Година и Божиќ. Ако штотуку сте влегле во врска, сигурно се прашувате како ќе ги прославите сите тие празници – како пар, со пријателите, со родителите на партнерот или со вашите.

Ова повлекува ретроспектива на вашата досегашна врска – дали е време да го направите тој чекор за запознавање со семејството, дали сте некој кој веќе договорил се со вашите пријатели, дали е во ред да одите со нив без партнер или сакате да ги искористиш сите слободни денови само за себе и за партнерот и за својата интимност?

Меѓутоа, ако и двајцата сте свесни за насоката во која се движи вашата врска и нејзината сериозност – можеби празниците се всушност најидеалната можност да ги запознаете родителите на партнерот, а тој вашите. Ова природно носи со себе одредена доза на нервоза и грижа.

Ако одите кај родителите на партнерот за празниците, имајте ги на ум овие работи.

Почитувајте ги туѓите обичаи

Во различни делови на земјата, дури и во различни градови, и конечно од куќа до куќа, традицијата се разликува. Она што е важно овде е да научите да се прилагодувате и да не наметнувате своја волја и мислење доколку одите кај родителите на партнерот во семејниот дом.

Покажете одреден степен на почит и кога разумно проценувате дека има можност да предложите нешто, го правите тоа, но на таков начин што изгледа како сосема нормална размена на искуства. Овде е особено важно да ја имате поддршката од партнерот и ако нешто не ви се допаѓа или нешто ви прави непријатно, партнерот да го има вашиот грб.

Донесете подарок

Првпат доаѓате во нечиј дом, па водете се од тоа да не одите на гости „со празни раце“. Ако се мачите што да им подарите на таткото, мајката на партнерот и другите членови на семејството, најдобро би било да изберете сè заедно и да го направите подарок од двајцата. Партнерот најдобро ги познава и ќе знае што ќе им се допадне.

Нека биде нешто симболично – барем во овој период од годината не недостигаат понуди за новогодишните и божиќните празници во продавниците.

Бидете искрени

Две или три „бели лаги“ се во ред, но не ги лажете родителите на партнерот за поголеми работи. Не ја ни „зачинувајте“ вашата приказна. Не треба да ви пружаат безусловна љубов, туку пред се почит, а таа не е изградена на неискрена врска.

Ако кажавте дека ќе помогнете во подготовката на храната, а не знаете да готвите или да цепите огревно дрво, не се ни пријавувајте да правите такви работи, туку искрено кажете дека сакате да го научите тоа од родителите на партнерот. Тоа е одлична можност да поминете повеќе време заедно и подобро да се запознаете и зближите.

Немојте да бидете премногу избрзани со изнесувањето информации

Тоа што сте ги запознале родителите на партнерот апсолутно не значи дека веднаш ќе се венчате. Не ги доведувајте во заблуда родителите на партнерот на кој било начин сугерирајќи дека вашата врска е доста сериозна. Исто така, немојте да ги користите за да манипулирате со партнерот. Тоа што им се допаднавте на родителите не значи дека веднаш ќе го принудат своето дете да влезе во заеднички живот со вас што е можно поскоро.

Извор: Попара

To top