Додека некои тврдат дека на мажите им е потребно повеќе “акција”, ситуацијата е всушност целосно спротивна…
Често се зборува дека на мажите им е потребно почесто водење на љубов, но вистината е дека тоа на жените им е двојно попотребно – и за тоа постојат научни докази.
Како што знаете, во текот на сексуалниот однос, во мозокот се лачат одредени супстанци поради кои се чувствуваме убаво и задоволно.
За левата страна на мозокот често се зборува како за “машка страна”, а токму тука се лачи допамин – невротрансмитер кој дава мотивација и чувство на задоволство кога ќе завршиме некоја обврска или кога ќе нѝ се случи нешто убаво.
Поради тоа сме склони да ги повторуваме активностите кои прават да се чувствуваме добро и кои поттикнуваат лачење на допамин. Она што е важно да го знаете е дека на овој начин вие самите можете да го зголемите нивото на допамин во телото.
Од друга страна, во десната “женска” страна на мозокот се лачи серотонин – хормон на среќата, а клучната разлика е во тоа што вие не можете да направите ништо за да го поттикнете лачењето на овој хормон. Серотонинот се зголемува екстерно – на пример, кога поради нешто ќе добиете позитивна реакција од саканата личност, колегите, околината… и уште една важна работа е дека нивото на серотонин го зголемува и нивото на допамин.
Со други зборови, вашиот партнер со своето однесување може да ви го подигне нивото на серотонин. А сега она најважното – кај жените воглавно е поактивна десната страна на мозокот, а мажите имаат 50 отсто повеќе рецептори за серотонин од жените!
Во контекст на врските, тоа значи дека на жените им е потребно двојно повеќе љубов, внимание и секс за да бидат подеднакво среќни како и мажите.
извор: Курир.мк