Љубов и Секс

Најдобриот се*с нѐ чека на овие години

Најдобриот се*с нѐ чека на овие години

Дали некогаш сте се запрашале дали вашиот сексуален живот ќе се подобри?

Не сметаме одговори како „кога ќе најдам момче“, „кога ќе најдам љубовник“ и слично. Ако имате среќа, сексот ќе се подобри малку во некои посебни години, но еве кога навистина ќе биде на својот врв. Секако, дотогаш не треба да седите со скрстени раце, туку „вежбајте и вежбајте“. Зголемувањето на практиката на секс може дополнително да придонесе за вашето созревање и поголема самодоверба.

Исто така, со текот на годините, се повеќе го познавате вашето тело и што е тоа во што уживате најмногу. Но, да се вратиме на темата, истражувањето беше спроведено на иницијатива на „Natural Cycles“, единствената апликација сертифицирана за контрацепција.

Тие разговарале со 2.600 жени за нивниот сексуален живот и ги поделиле испитаниците според возраста во три категории: 23 години или помлади, 24 до 35 години, 36 години и повеќе. На секоја група им беа поставени прашања од типот: колку се чувствувате привлечно, колку често имате оргазам, колку се интензивни оргазмите, колку често водите љубов?

Се покажа дека најстарата група се чувствува најатрактивно, ужива во најсилните оргазми и води редовно љубов. Која е тајната? Очигледно во доверба.

Откриено е дека групата во доцните триесетти и повеќе години, се чувствува најдобро во нивната кожа, дури 10% подобро од групата на средна возраст, која има најмалку самодоверба поврзана со нивниот изглед. Жените на 23 и помлади се во средина во тој поглед, но го постигнаа најлошиот „резултат“ во фреквенцијата на оргазмите.

извор:попара.мк

To top