Научниците го пронашле генот и тврдат дека личноста која го поседува овој ген има поголеми шанси да биде неверна. Овој факт се смета како одличен изговор за оние кои не им се верни на партнерите/ките, но исто така е и вистина дека некои не се во состојба да извршат неверство.
Научниците испитувале 180 момчиња и девојки за нивниот став кон врските и го тестирале нивниот ген, познат како DRD4, кој влијае на нивото на хемикалиите во мозокот. Тие тврдат дека мажите и жените, со одредена варијација на овој ген, доживуваат исто чувство и возбудување кога ке го изневерат партнерот/ката, како кога на коцкарите ке им се промени лошата среќа или како кога алкохоличарот ќе се напие алкохолен пијалок.
Кај една четвртина од луѓето со овој ген можноста за превара е двапати поголема. Кога изневерувале.
“Дознавме дека индивидуите со одредена варијанта на генот DRD4 ги изневеруваат своите партнери, а најчесто тоа е авантура која трае само една ноќ” изјавил научникот Justin Garcia.
мотивацијата за таквото однесување произлегува од системот на задоволства и награди, а сето тоа предизвикува лачење на dopamin.
“Да го изневериш партнерот е голем ризик со кој доаѓа мотивација и голема награда, а сето тоа го осигурува лачењето на dopamin” изјавува Garcia.
Неговите резултати покажуваат дека тие луѓе можат да бидат многу поврзани со партнерот, но на крајот сепак ќе го изневерат. Тие треба да се разликуваат од луѓето кои се само радознали, себични, неодговорни и кои несакаат обврски.
Минатиот месец научниците откриле дека оваа варијанта на генот DRD4 може да направи луѓето да имаат полиберален поглед на светот.
Генетската варијанта прави луѓето да бараат нешто ново и да се подложни на либералните политички ставови. На нив може повеќе да се влијае бидејќи бараат и туѓи мислења.