Страницата „YourTango“ спровела анкета и ги прашала мажите дали професијата на нивната партнерка има врска со нејзината привлечност, како и успехот на љубовната врска.
Ова се одговорите:
Модели/Телевизиски личности
Жените коишто се занимаваат со оваа професија многу бараат. Бев во несреќен брак со репортерка три години, нејзините смени беа турбулентни, повеќе беше отсутна, отколку дома.
Мојата сопруга работеше на телевизија и мажите постојано ѝ се додворуваа. Тоа ми беше страшно затоа што не сакав да бидам љубоморен и имам проблем со другите мажи. Тешко е да гледате кога некој којшто го сакате е во постојана опасност од мажи кои флертуваат.
Уметнички
Мојата поранешна девојка беше уметничка. Кога разговаравме за животот и сериозни работи ми изгледаше како таа да не сака да прави ништо поисплатливо.
Докторки
И мојата поранешна сопруга и јас бевме доктори. Постојано влегувавме во конфликти. И двајцата сме многу доминантни и не успеавме во љубовта и покрај тоа што се сакавме многу. Поради тоа си ветив дека никогаш повеќе нема да бидам заедно со колешка. Сегашната сопруга е терапевт и ми се допаѓа тоа што ми дозволува да доминирам.
Адвокатки
Моето најлошо искуство беше со адвокатка. Нивното високо очекување едноставно ретко кога се поклопуваше со моето. Тие бараат мажи кои не постојат, господари на универзумот, богати со врски во правосудството и другите државни органи. Едноставно, уште на првиот состанок забележувам дека јас не можам да им помогнам во тоа.
Актерки
Иако тоа е само работа и улога, но навистина не би поднел девојка ми или сопругата да се бакнува со друг на филм или претстава. Би ми било непријатно да го гледам тоа и би се чувствувал лошо.
извор:кармин/точка.ком.мк