Што мислат луѓето за сопствената привлечност, се обиде да открие студија која опфати повеќе од 16.000 луѓе од осум земји, објави New Beauty.
Сите тие одговорија на прашањето на колку години, според нив, жените се најубави, а на колку мажите.
Резултатите од истражувањето покажале дека испитаниците за најпривлечни ги сметаат жените на 28-годишна возраст, додека мажите се на врвот на привлечноста на 32-годишна возраст.
Истражувањето е спроведено во Италија, Германија, Франција, Шпанија, Обединетото Кралство, Австралија, Канада и САД.
Интересно е што резултатите по земји беа сосема различни од вкупните резултати.
Според Американците, жените се најубави на 31 година, а мажите на 34. На спротивната страна се Британците, според кои жените се најубави на 23 години, а мажите на 33 години.
извор:попара.мк