Биолошкиот часовник и неговото отчукување влијае на желбата за секс…
Истражувачи од Тексас провериле како сексуалната желба е поврзана со возраста, пишува Your Tango.
Биолошкиот часовник и неговото отчукување влијае на желбата за секс. Во своите триесетти, жените често можат да го слушнат тој часовник. Токму тој ги принудува жените да ги „искористат преостанатите години за раѓање“ и на тој начин нивното либидо се зголемува во одреден период од нивниот живот.
Во истражувањето објавено во списанието Personality and Individual Differences учествувале 827 жени кои биле поделени во три групи: висока плодност на возраст од 18 до 26 години, ниска плодност на возраст од 27 до 45 години и менопауза од 46 години нагоре.
Врз основа на одговорите на учесниците во интернет анкетата, истражувачите откриле дека жените на возраст од 27 до 45 години (оние во категоријата со ниска плодност) имаат „зголемен сексуален нагон како одговор на намалената плодност“, но и „чести сексуални фантазии, активен сексуален живот и подготвеност за секс без обврски“.
Извор: Кајгана.мк