Мажите мислат дека знаат сè за сексот и тоа од мали нозе, или поточно, откако филмовите за возрасни станаа лесно достапни.
Се разбира, повеќето од нив не се далеку од вистината со вакво тврдење, особено ако ги прашате жените.
Според понежниот пол, ова се 5-те најголеми грешки кои мажите ги прават за време на сексот.
Игнорирање
Желбите во сексот треба јасно и гласно да се кажат, без никакви бариери или алузии, бидејќи единствено така сексот може да биде навистина добар. Па, ако вашата драга нешто упорно ви зборува, послушајте ја барем еднаш.
Копирање филмови за возрасни
Значи, да повториме уште еднаш – овие филмови не се реален живот и сексот кој таму го гледате во прицип нема некои преголеми сличности со реалноста, освен ако немате секс со ѕвезда од овие филмови. Во останатите случаи заборавете сè што сте виделе.
Мрзеливост
Еден од ‘смртните гревови’ во сексот е кога мажот само лежи и очекува жената да ја заврши целата работа сама. Сепак, ниту жените не се амнестирани од одговорност.
Недостаток на фантазија
Во ред е да имате ‘шема’ по која работите, но таа сепак има рок на траење, бидејќи не можете ниту секој ден да ја јадете омилената чоколада – порано или подоцна ќе ви здодее.
(Пре)кратка предигра
Предиграта на жените можеби им е поважна од самиот секс, додека кај мажите е обратно. Но, сепак тие треба да се прилагодат и да го променат пристапот. На жените сексот без предигра им е речиси невозможен.
извор:супермен.точка.ком.мк