Секој има различна теорија за сексот, особено кога станува збор за женскиот оргазам.
Едни мислат дека важна е должината на машкиот полов орган, други истакнуваат дека пресудно во врска со тоа е возбуденоста на самата жена.
Меѓутоа, науката оди во друг правец и за недостатокот на доживување оргазам кај жените ги обвинува – жените, односно нивната анатомија.
Во новото американско истражување, кое што предизвикало различни коментари, потврдено било дека најважниот податок за тоа е колку клиторисот е оддалечен од уринарниот тракт.
Доколку таа оддалеченост е помеѓу 2.5 и 3 сантиметри, жената може да доживее оргазам во текот на сексуалниот однос, а доколку оддалеченоста е поголема од 3 сантиметри тоа е невозможно.
„Уште во матката клиторисот почнува да се издвојува и оддалечува од отворот на вагината. За тоа не е виновна жената, тоа е проста анатомија. Постои објаснување дека оддалеченоста поголема од три сантиметри во текот на класичниот секс не може да доведе до доволно стимулација на клиторисот“, објаснува гинекологот Морин Велихан.
Магичниот број е 2.5 сантиметри, а ова истражување се вклопува во повеќегодишната статистика по која што околу 70 и 90 отсто од жените не можат да доживеат оргазам само врз основа на пенетрација и потребно им е дополнително стимулирање на клиторисот.
Истражувачите напоменуваат дека ова истражување се однесува исклучиво за вагиналниот оргазам за кој што многумина сметаат дека е само мит – односно дека дамата може да дојде до оргазам само со помош на машката пенетрација.
извор:точка.ком.мк