Многу од истражувањата покажале дека жените со текот на годините стекнуваат сексуална самодоверба, а дамите кои што влегле во четвртата деценија од животот се сметаат за најдобрите љубовнички.
Освен тоа, постојат уште некои карактеристики кои што ја одредуваат фаталната жена, како на пример емоциите и страста.
1. Го прифаќаат своето тело
Додека младите девојки во раните 20-ти години секој ден се гледаат себеси во огледало, ја бараат својата мана и воглавно се незадоволни со тоа што го гледаат, дамите во 30-те години достигнуваат зрелост која што влијае и на нивната акција во кревет. Таа е оформена, свесна за своите квалитети и го прифаќа своето тело – па, дури и јасно видливите недостатоци. Токму поради тоа, поопуштени се во текот на сексуалниот однос и јасно знаат што сакаат, а што не.
2. Имаат голем сексуален нагон
Просечната жена до својата 30-та година веројатно менува неколку сексуални партнери. Со самото тоа, освен со основните пози, таа владее и со љубовните вештини кои што ѝ годат, а тоа задоволство секако дека ќе го почувствува и нејзиниот партнер.
3. Комуникација
Колку што стануваат посвесни за своето тело, жените со текот на годините стекнуваат и свои погледи за сексуалниот однос. Со самото тоа, повеќе не го доживуваат сексот како табу тема, па подготвени се со својот партнер да разговараат за теми „од спалната соба“. Тоа е многу важно затоа што некогаш низ искреност и конструктивна комуникација може да се подобри сексуалниот однос меѓу паровите.
4. Задоволство
Жените во 30-те години немаат желба за докажување во кревет, туку најважно им е задоволството. Таа отворено ќе покаже што ѝ годи, а на партнерот ќе му даде до знаење што точно треба да прави.
5. Привлечност
Додека девојките воглавно се трудат да ги заведат мажите со својот физички изглед, малку повозрасните дами во прв план го истакнуваат својот интелект, но и професионалните лични успеси во животот. Тие се свесни за своите квалитети, храбри се и со тоа го шармираат посилниот пол.
изворсупермен/точка.ком.мк