Љубов и Секс

Мажите најмногу сакаат секс наутро, а за тоа има добра причина

Мажите најмногу сакаат секс наутро, а за тоа има добра причина

Зошто мажите сакаат секс наутро, а жените пак навечер? Мистеријата е одгатната – сè се крие во хормоните!

5 наутро

 

Уште пред да се разбудат мажите нивните нивоа на тестостерон се повисоки за околу 20-25%, отколку во останатото време од денот. Тие се зголемуваат со текот на ноќта и затоа рано наутро се во својот врв. Не е чудо што тој се буди со мислата за брз секс, неговиот ум е контролиран од тестостерон. Жените исто така, го произведуваат посочениот хормон, но тој е балансиран од естрогенот и прогестеронот.

 

6 наутро

 

Се наспавте? Добриот сон е друг помошник на порастот на тестостеронот во машкиот организам. Истражување покажува дека господата кои спијат непрестано барем 5 часа, имаат за 15% повисоки нивоа на хормонот во нивното тело.

 

7 наутро

 

И додека хормоните беснеат во машко тело, оние во женското се во најниската точка наутро. Немојте да се изненадите дека таа нема желба за ништо! Женските хормони се менуваат според циклусот, а не толку од фазите на денот.

 

8 наутро

 

И двата пола се подготвуваат за тежок ден и хормонот кортизол почнува да расте. Тој е вистински убиец на либидото, па сексот е во позадина.

 

12 на пладне

 

Во тоа време мажите се подложни на флертови. Ако се состанат со атрактивна колешка, мозокот им одделува невротрансмитери, наречени ендорфини, кои ја водат крвта кон половиот орган.

 

13 часот

 

Жените не пројавуваат интерес кон други мажи. Мислата за нивниот омилен сепак, може да го подигне тестостеронот и либидото во овој момент.

 

18 часот

 

Нивото на тестостерон кај мажите паѓа, но женските секс хормони се зголемуваат.Тренинзите и кај двата пола може да сја подигнат желбата за секс.

 

19 часот

 

По стресниот работен ден мажите немаат желба за секс, но нивото на тестостерон кај жените се зголемува, особено ако се слуша пријатна музика.

 

20 часот

 

Ако на телевизија даваат важен натпревар, може и либидото на саканиот да се разбуди. Истражување на Универзитетот во Јута покажува дека гледањето на Лигата на Шампионите г крева хормоните во телото на мажот до 20%.

 

21 часот

 

И да му скокате и да го бакнувате, тој е далеку од сексот. Тестостеронот во неговото тело е низок и либидото спие. Кај жените е токму спротивното. Има, меѓутоа еден трик! Жената е подготвена за секс само ако се чувствува доволно привлечна и секси.

 

22 часот

 

Во овој час машките хормони се во ниско количество, но тоа сепак е повисоко од тоа во женскиот организам. И сепак расположението на дамите зависи од нивниот менструален циклус. Околу 13-тиот ден, тие се соочуваат поголема желба за секс и оргазмот им е посилен отколку во другите денови од месецот.

Извор: Попара.мк

To top