Љубов и Секс

Машки маани кои жените ги обожаваат

Машки маани кои жените ги обожаваат

Секој поинаку ќе опише шармантно момче… но останува фактот дека малите нешта што ги прават мажите посебни и неодоливи придонесуваат за сексапил.

Тој има стомак

Дури 2/3 од испитаните жени во една анкета потврдиле дека популарните стомачни „плочки“ не се толку секси за колку што се зборува. Имено, жените изјавија дека претпочитаат да гледаат природен стомак кој опишува „нормално“ момче кое не е опседнато со огледалото, кревајќи тегови и пиејќи протеини. Умереноста секогаш функционира.

Доцни со бричењето

Брада стара неколку дена е вистинска мамка за жените. Не станува збор за брадата како таква, туку во малку бунтовниот и многу лежерен изглед на маж кој со соодветна облека и донекаде „фраерски“ став, едноставно вреска со сексапил.

Знаци на стареење

Истражувањето исто така потврди дека жените ја сметаат сивата коса како многу секси. Иако денес сѐ повеќе и повеќе мажи посегнуваат по боја за коса за да ги маскираат првите знаци на стареење, жените ќе претпочитаат сивокос маж отколку вештачки изглед кој не може да остане незабележан. Истото важи и за секси ќелавите мажи кои можат да изгледаат неодоливо со сечење до милиметар или нула.

извор:popara.mk

To top