Во научното истражување “The Marriage Project” професорите Галена К. Роадес и Скот М. Стенли се занимавале со влијанието на бројот на претходни партнери врз среќата во бракот. Имено, тие ги анализирале податоците на илјадници слободни Американци на возраст од 18 до 34 години.
После пет години 418 лица биле во брак. Научниците потоа ги разгледувале браковите со цел да согледаат дали факторите како сексуалното минато дали им влијаело на квалитетот на бракот, пишува Хафингтон пост.
Тие воделе сметка за четири фактори: среќа во врската, размислување за раскинување, ниво на доверба и колку работите се добри во поединечна заедница. Според истражувањето, лицата кои имале помалку сексуални партнери во минатото сега имаат поквалитетен брак.
Професорите тврдат дека овие резултати особено важат за жените, бидејќи тие покажале поголемо незадоволство во бракот доколку имале повеќе сексуални партнери. Покрај тоа и лицата кои еднаш во својот период од животот живееле во вонбрачна заедница со лице кое подоцна не стана нивен брачен партнер, исто така се помалку среќни во бракот.
Зошто тоа е така? Роадес и Стенли претпоставуваат дека лицата кои имале поголемо сексуално искуство можат да ја зголемат совеста за алтернативни партнери. Со други зборови, луѓето кои имаат повеќе претходни односи полесно стануваат незадоволни.
Некои научници кои не учествувале во ова истражување сметаат дека ова треба да се земе во предвид со голема доза на претпазливост.
“Постојат многу причини кои можат да ги наговорат луѓето да имаат повеќе партнери пред брак, и независно од тоа колку ги имаат, или се помалку или повеќе задоволни во бракот”, вели д-р Џим Мекналти, професор по социјални психологија од Државниот универзитет во Флорида.
Извор: точка.мк