Љубов и Секс

Колку често водат љубов жените кои се во брак? Ќе се фрапирате од одговорот

Колку често водат љубов жените кои се во брак? Ќе се фрапирате од одговорот

Една неодамнешна студија спроведена на примерок од 300 парови откри неколку интересни податоци.

Со бројни животни обврски и проблеми, деца и работа, многу е тешко да се зачува совршениот однос со партнерот, исполнет со емоции и страст. Тоа го докажуваат одговорите на многу жени на прашањето: Колку често водат љубов?

Во истражувањето спроведено на повеќе од 300 парови на различна возраст, откриено е дека речиси половина (47 отсто) водат љубов еднаш неделно, а речиси 10 отсто од нив тоа го прават само два пати месечно.

„Омажените жени, кои велат дека сексот со партнерот еднаш неделно или двапати месечно совршено им одговара, всушност не се воопшто ретки. Причината за тоа се токму животните пречки, стресот и обврските, поради кои сексот многу брзо може да стане предвидлив, па дури и досаден“, објаснуваат експертите.

Исто така, истражувањата потврдија дека колку поретко водиме љубов, толку помалку ќе ни станува страста и потребата за тоа.

Игнорирањето на страста и недостатокот на интимност, кои во последно време стануваат се почести меѓу партнерите, често доведува до прељуба, па дури и до развод.

извор:попатра.мк

To top