Љубов и Секс

Колку често 20-годишните имаат интимни односи, а колку 40-годишните?

Колку често 20-годишните имаат интимни односи, а колку 40-годишните?

Без оглед на тоа дали искрата на страста „гори“ во вашиот однос или не, сигурно барем еднаш сте се запрашале колку често треба да имаме сексуални односи, какви се светските статистики за сексот и какви сексуални навики имаат луѓето околу нас.

Колку често треба да „имаме“ секс? Што се случува со телото ако апстинираме одреден временски период и колку долго треба да трае тој чин? Ова се прашањата на кои долго време баравме одговор, а сега ги добивме – благодарение на новото истражување од Институтот Кинси за истражување на сексот, репродукцијата и полот, кај што се тврди дека конечно е откриено што е „нормално“ во спалната соба.

Истражувањата покажале дека на зачестеноста на односите влијаат многу фактори, од кои најчести се возраста, здравјето, сексуалниот нагон и начинот на живот.

Што е „нормално“ под чаршафите?
Најчесто (но не и најдолго) сексуално се активни младите од 18 до 29 години. Студијата вели дека тие имаат секс во просек 112 пати годишно, односно 2 пати неделно.

Луѓето на возраст од 30 до 39 години имаат односи нешто поретко, односно 86 пати годишно, што истражувачите пресметале на 1,6 пати неделно.

Возрасната група од 40 до 49 години има двојно помалку сексуални односи од 20-годишните, односно 69 пати годишно или помалку од еднаш неделно, а главната причина била начинот на живот и недостатокот на сексуална желба.

Што е со луѓето над 50 години? Истражувачите напоменале дека генерално има многу малку истражувања како би се одговорило на ова прашање и дека сексуалноста на луѓето над 50 години не е доволно проучена.

Тие потоа ги анализирале ставовите на возрасната група од 50 до 90 години и заклучиле дека здравствената состојба, физичките тешкотии и падот на сексуалната желба биле главните причини поради кои луѓето над 50 години имаат сексуални односи во просек неколку пати годишно.

Истото истражување покажало дека мажите почесто разговараат за влијанието на здравствените состојби врз сексуалните активности. На пример, срцевите заболувања, високиот крвен притисок и дијабетесот се главните причини за импотенција кај мажите постари од 50 години.

А што е со времетраењето на сексуалните односи?
Истражувачите собрале 500 парови, ги ставиле во спална соба и им дале стоперки. Учесниците требало да притиснат „старт“ за време на пенетрацијата и „стоп“ при ејакулацијата.

Студијата открила дека кај повеќето луѓе сексот траел навистина кратко – во просек 5,4 минути.

Ова време се однесувало исклучиво на секс по дефиниција, без предигра, галење, допирање и орален секс.

Постарите мажи не издржале подолго од младите, ниту оние кои носеле заштита, ниту обрежаните мажи.

Овие вообичаени причини за подолг или пократок сексуален однос се покажале како мит, а на големо изненадување на истражувачите – крупните мажи издржале најмногу, па можеме да заклучиме дека телесната тежина е еден од најважните фактори за ова прашање.

извор:точка.ком.мк

To top