Сите знаете за ерогените зони како што се ушите, вратот, усните…Меѓутоа, дали сте знаеле дека постојат и делови на телото кои исто така спаѓаат во ерогени зони, а често забораваме на нив.
Сексологот Емили Морс истакнува дека стресот е тој којшто најчесто ја убива сексуалната желба. Меѓутоа кога ќе се фокусирате на деловите на телото кои се сметаат за ерогени зони, ќе исчезне стресот и вашиот партнер ќе се чувствува многу подобро и ќе биде подготвен за акција.
Прстите на рацете содржат многу нервни завршетоци и затоа се еден од најчувствителните делови на телото. Врвовите на прстите реагираат на нежни допири.
Не само жените обожаваат масажа на стапалата. Изненадете го партнерот со нежна масажа со која ќе стимулирате разни точки на стапалата. Петиците содржат точки кои се одговорни за сексуалното задоволство.
Пределот зад колената е вистинска ерогена зона. Кожата на тоа подрачје е нежна и мека, па со самото тоа чувствителна на бакнежи и допири. Сите други места на кои мажите немаат влакна се ерогени зони.
Стомак
Почнете од папокот, потоа насочете ги движењата надолу. Со стимулација на кожата од овој дел на телото сигурно ќе ја зголемите сексуалната напнатост бидејќи колку повеќе трае тензијата, толку посилен ќе биде оргазмот.
Врат
Вратот е најсилната ерогена зона на мажот. Мажите обожаваат бакнежи во врат. Особено е чувствителен делот помеѓу вратот и клучната коска.
Извор: Кајгана