Љубов и Секс

Кои промени во сексот ќе ги забележите низ годините?

Кои промени во сексот ќе ги забележите низ годините?

Некои можеби мислат дека сексот останува ист низ годините, но нашето тело е сложен механизам кој се менува.

Од тинејџерските денови па до средината на дваесеттите години телото е под влијание на силна количина полови хормони, но со влегувањето во триесеттите работите се менуваат.

Тие промени не значи дека се лоши, ни подобри, но луѓето едноставно треба да се адаптираат.

Кои промени во сексот ќе ги забележите низ годините?

1. Како што стареете потребно е подолго време за возбуда

Нивото на хормони е помало, па потребни се пет до десет минути за да телото се доведе со состојба на вистинска возбуда.

Затоа е подобро предиграта да трае подолго, а добрата вест е дека самиот чин на секс во просек се продолжува од две до пет минути.

2. Оргазмот е почест

Ова особено се однесува на жените, кои почесто се позадоволни со сексуалниот живот во нивните триесетти години отколку во дваесеттите. Причина за почестите оргазми е подоброто познавање на сопственото тело и поголемата самодоверба,

Неодамнешна студија на магазинот топ санте покажа дека 80% од жените во четириесеттите години се поактивни и со поголема иницијатива за секс отколку во дваесеттите години.

3. Секс има поретко, но значи многу повеќе

Факт е дека луѓето поретко имаат секс кога ќе влезат во доцните триесетти, но тоа не мора да значи ништо лошо бидејќи е последица од обврските, родителството и хормоналните промени. Сепак, истражувањата покажуваат дека над 70% од мажите и жените сметаат дека сексуалниот живот им е поквалитетен, дека уживаат во сексот и во него внесуваат повеќе емоции.

To top