Љубов и Секс

Кога љубомората ќе премине во болест – што понатаму?

Кога љубомората ќе премине во болест – што понатаму?

Патолошка љубомора

Патолошката љубомора се јавува и кај двата пола. При оваа состојба партнерот почнува се да толкува погрешно, на секој гест, секој збор и секоја реакција од ваша страна тој пронаоѓа скриено значење. Ова е хронична состојба и продолжува неколку години и најчесто е придружена од актови на агресија.

Екзистенцијална љубомора

Овој вид љубомора се набљудува тогаш кога вашиот партнер небаре на шега се обидува преку прашања да ве натера да кажете нешто, кое покасно ќе го употреби како доказ за тоа дека го изневерувате.

Психотична љубомора најчесто се среќава кај параноични личности, кои се карактеризираат со недоверба, пречуствителност, гордост итн. Во овој случај љубомората е вистинско тормозење и најчесто преминува во неосновано насилство.

Што да направам ако мојот партнер пројави ваков признак?

Ако забележите било кој од горе опишаните симптоми на љубомора најдобро е да се консултирате со психолог или сексолог. Сватете го ова како сериозна патолошка состојба и не дозволувајте да бидете жртва на ваквиот партнер. Во некои случаи терапијата за парови може да биде многу полезна. Обично признаците на љубомора најчесто се надминуваат со силната поддршка од другиот партнер и со силната волја може да се покаже, дека е возможно да се сакате, без да си го уништите животот!

Љубомората често е комбинација од други чувства, како гнев или тага. Се разликува од завистта по тоа што љубомората се однесува на нешто кое човек се плаши дека ќе го изгуби, додека пак зависта е желба на човек да има нешто што не го поседува, или да попречи на некој друг да го добие истото.

извор:попара.мк

To top