Нема да поверувате колку дами, воедно кои станале мајки, можат да издржат без секс. Истражување направено од страна на порталот “Family Circle”, во кое учествувале 553 мајки од различни години, објавиле потполно неверојатни и шокантни резултати.
Се покажало дека 32 % од мајките кои имаат долгогодишен партнер и барем едно дете, немале сексуални односи по неколку години. Но, тука не е крајот на лошата статистика. Дури 36 % од жените откриле дека од последниот секс поминали неколку месеци, 27 % изјавиле дека се работи за неколку недели, а само 5 % има имале секс во последните неколку денови.
Стручњаците предупредуваат: иако жените имаат премногу обврски, што ја отежнува желбата за секс, долгите паузи можат да бидат многу лоши за врската со партнерот како и за нивното здравје и расположение. Од неодамна ова било потврдено од едно британско истражување, кое објавило дека клучот за среќен брак е секс барем еднаш неделно.
Дали вие имате време за секс?
Извор: Точка.мк