Децата на познатите секогаш се интересни за јавноста, па нивната популарност задолжително доаѓа уште од самото раѓање.
Лора Турунџиева, ќерката на Сузана Турунџиева и Александар Маленко, пред четири години стана млада мајка, се омажи веднаш по матурата, а тоа дополнително беше привлечено за љубопитните.
Сега нејзиниот свет се врти само околу малиот Јаков, кој веќе е потпораснато детенце кое е секојдневната животна искра на родителите.
Лора веројатно презаситена од медиумската експонираност, реши да се повлече, па профилот на Инстаграм стана приватен, додека на оној на Фејсбук се поретко осамнуваа објави.
Сега, нешто се смени, па Лора реши да се врати во полн сјај на социјалната мрежа и тоа позгодна од било кога.
Редовно објавува по некоја фотка од ваму и таму, и тоа елегантна и секси млада мајка која добива ласкави комплименти. Руса коса, вита става и лик кој не се заборава…
Лора е бомбастична мама налик на манекенка од модна писта. До неодамна се занимаваше со шминка, а јавната професија никогаш не била нејзин избор иако мама Сузе редовно е на сцена и пред камери.
фото:фејсбук/лора турунџиева