Радио Милева
Нека трепка од убаво!

Каролина во новогодишно шоу ќе жари и пали на Прва: Мерак за уши, ама и за очи со жестоко деколте од кое погледот се кочи (фото)

Каролина во новогодишно шоу ќе жари и пали на Прва: Мерак за уши, ама и за очи со жестоко деколте од кое погледот се кочи (фото)

Каролина Гочева ја испраќа 2022 година под полна пареа на работно поле, а така ќе ја започне и новата 2023 година.

По одржани пет концерти со „Песни за љубов и копнеж“ заедно со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски, Гочева и нејзните соработници не застануваат тука. Па така, веднаш по Нова Година, односно пред Божиќ на 3-ти и 4-ти јануари во МОБ ќе следи реприза за оние кои не успеаја да наполнат душа со звуците на Дуке и Исмаил и вокалот на Каролина со нивните мелодични звуци од песните за љубов и копнеж.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Дека се работи на големо, Каролина покажа, односно најави дека за новогодишната ноќ ќе ја забавува македонската јавност преку ТВ екраните на фреквенција на Македонската телевизија.

На сцената пред камерите нема да биде сама и друштво ќе и прават колегите: Влатко Лозаноски, Елена Ристеска, младата Лара Иванова, Пијан славеј и тинејџерите од серијата „Тин-камп“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Најавата на социјалните мрежи беше сосема доволна за оние кои ќе ја дочекаат Новата 2023 во домашен амбиент, уште сега да направат избор кого ќе „пуштат“ во нивниот дом на дочекот за им направи мерак за без пари.

-Драги мои, многу се радувам што можам да ви кажам дека оваа година сакав да прославам заедно со сите вас и поради тоа, на Нова Година ќе пеам само на МРТ1!
На 31ви декември, со почеток од 21 часот ќе имам свое 90 минутно шоу на кое како специјални гости ќе се појават и моите драги колеги и пријатели @elenaristeska_era @_lara.iv_ @vlatkolozanoski @pijanslavej и @teencampofficial Се гледаме на 31ви декември на МРТ1!Ваша, Каролина, пишува таа.

За оваа прилика Каролина и нејзнината стилистка внимателно се потрудиле за изборот на неколкуте стајлинзи во кои таа ќе се појави.

Нова Година автоматски потсетува на нешто светкаво, па изборот патна на блескави панталони со високо струк кои ја нагласија витата линија на пејачката.

Не беше исклучена ниту провокацијата, а изборот бил на ултра длабоко деколте и сексапил каков Каролина досега не понудила, барем не јавно.

Се’ на се, забавата сигурно ќе биде загарантирана, ќе има мерак и за уши и за очи за во Новата да тргне на убаво!

Останати вести од Радио Милева