Фолк-пејачката Вики Миjковиќ не беше воодушевена од провокативниот стајлинг на Јелена Карлеуша во шоуто „Ѕвездите на Гранд“.
Како што рече Вики, Јелена има „сè во излогот“.
– Вики, да беше риба како мене, ќе дојдеше гола вечерва! – и рече Јелена на својата колешка.
View this post on Instagram
Вики пак не остана должна и и посака на Јелена да изгледа исто толку добро на нејзините години како и таа.
– Вики, проклетство е да посакаш некој да личи на тебе – реагираше Јелена.
Расправиите помеѓу Вики и Јелена на снимањта на шоуто се веќе стандардна појава која очигледно му носи висок рејтинг на музичкиот натпревар.