Радио Милева како времето да непостои...

Калиопи за роденден, доби „куфер љубов“: Необична музичка видеочеститка за поп дивата! (ВИДЕО)

Калиопи за роденден, доби „куфер љубов“: Необична музичка видеочеститка за поп дивата! (ВИДЕО)

Предновогодишната атмосфера и расположение, вакви или онакви сепак се чувствуваат и покрај сите потешкотии што не навјасале со здравствена, економска, па и емнергетска криза.

Уште ако на сето тоа му се додаде роденденската радост која секој од нас ја чувствува на „денот што го чекаме цела година“, а не е Нова Година, тогаш веројатно на среќата и нема крај. Токму неколку дена пред Нова Година роденден слави нашата поп дива – единствената Калиопи.

Иако  на дамите не им се бројат годините, Калиопи не ги крие заштпо си се нејзини, па самата ја соопшти бројката, односно по кој пат го слави роденденот во животот. Се разбира ако не кажеше, тешко дека некој би можел да погоди, зашто македонската и регионална музичка ѕвезда изгледа далеку помлада од она што и стои во личната карта како датум на доаѓање на овој свет.

А, кога е роденден во прашање, тука се и честитките, убавите желби, подароците… Оние најблиските и ги упатуваат лично и непосредно, останатите, како нејзините обожаватели и следбеници, преку социјалните мрежи.

Но највпечатлива, направена во вид на музичка видеоразгледница, со фотографии од животниот циклус на дивата од бебе па до денеска е онаа која е споделена на нејзината Инстаграм страница. Вистински омаж од црно-бели и колор фотографии од разни возрасни „епохи“ од животот на Калиопи. Од пелени преку детството и девојчинството, тинејџерството и моминската возраст, па се до зрелите години, а на ннив таа – една и единствана,  нашата Калиопи, која можете да  ја видите во сите фази на нејзиното постоење.

„Еј луѓе мои! Ајде да прославиме нов почеток низ моите 55 години живот! Затоа што годините се само бројка, а помислата на годините е она што не рефлектира во огледалото онака како што сакаме да се гледаме! Како се гледам себеси? Се гледам себеси како времето да не постои! Да се радуваме во тоа име!!!
П.С. Ти благодарам Ромео за оваа роденденска химна!“ – напишала Калиопи под роденденската музичквидеорагледница од нејзиниот живот, која осамна како роденденска честитка, покрај која стои едно големо Благодарам до нејзиниот бивш сопруг, но вечен пријател и соработник, Ромео Грил, за кој не разбравме дали стои само зад музиката или и комплетната идеја.

Како и да е, убав видеопотсетник, роденденски подарок во вид на „куфер полн со љубов“  и спомени во кои времето како да не постои… за Калиопи!

Среќен роденден, жива, здрава, среќна и успешна… уште долго ни била, нашата —најмила!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Фото: Инстаграм принтскрин/kaliopi_official

To top