Истражувањата покажале дека мажите повеќе сакаат влажни бакнежи кои подразбираат отворена уста и јазик, бидејќи на тој начин на жените им испраќаат мала количина хормон кој го подигнува либидото, а се наоѓа во плунката. На тој начин, по неколку недели, женското либидо се зголемува, додека жените повеќе сакаат бакнежи со затворена уста.

Либидото го будат и нежните бакнежи, доволен е само допир со усните за телото да проработи бидејќи еден прилично голем дел од мозокот е задолжен за процесирање информации кои доаѓаат од усните, поголем од оној кој обработува информации кои доаѓаат од гениталиите.

За да биде бакнежот најдобар, потребна е врска во која постои сигурност и емотивна поврзаност. Меѓутоа, и при бакнувањето со непозната личност може да ве понесе страст која се остварува со добар бакнеж.

извор: Курир.мк