Како му сигнализирате на партнерот дека сте расположени за секс? Дали сте директни или посуптилни? Секој има свој начин, а едно истражување даде интересни одговори на ова прашање.
Онлајн страницата за состаноци IllicitEncounters.com праша 2.000 корисници како ја започнуваат сексуалната игра и направи листа со најчестите одговори. Треба да се има на ум дека анкетата е лимитирана и прашањата се одговорени од членови на сајтот кој спојува луѓе, па нивните ставови не мора да бидат репрезентативни.
Главниот клуч се крие во комуникацијата, па општиот совет е да го прашате партнерот како тој би сакал да иницира и како вие би сакале.
Ова се дел од одговорите на жените:
– долги бакнежи и насмевки
– носат провокативна долна облека
– му праќаат секси фотографија на партнерот
– прашуваат директно
– го допираат партнерот на интимно место
– се соблекуваат пред партнерот
– легнуваат голи во кревет
Како мажите даваат до знаење дека се расположени за секс:
– ја галат партнерката во кревет
– испраќаат секси порака во текот на денот
– прашуваат дали е расположена за брза акција
– долго ја бакнуваат
– се соблекуваат голи пред партнерката
– ќе ја плеснат насмеани по задникот
– појадок во кревет.
извор: кајгана