Фотографите на свадбите забележуваат многу работи кај младоженецот и невестата бидејќи со нив го поминуваат целиот ден за време на свадбената веселба.
Така, многу луѓе се запрашале дали професионалните фотографи можат да проценат кој брак ќе потрае, а кој е однапред осуден на пропаст.
Додека некои рекле дека нема никакво правило, други велат дека можат да ја проценат должината на бракот врз основа на тоа како младенците ја пресекле тортата.
Расправата започнала на социјалната мрежа Reddit кога една девојка ги прашала професионалните фотографи дали можат на венчавката да оценат дали бракот ќе потрае.
Еден фотограф напишал дека не знае дали тој брачен пар е се` уште заедно, но младоженецот до олтарот отишол со телефонот во рака. Дури носел и фармерки, а невестата не изгледала најсреќно.
Друг фотограф напишал дека работел на свадба на еден пар кој веќе имал дете. Никогаш не можел да претпостави дека парот ќе се разведе и тоа веројатно се случило бидејќи во меѓувреме не добиле второ дете.
Трет фотограф напишал дека може да почувствува колкава љубов владее помеѓу брачниот пар според интеракцијата меѓу нив – начинот на кој се гледаат еден со друг, како се однесуваат кон други луѓе… врз основа на тоа можете да заклучите дали станува збор за искрена љубов. Обично, таквите парови засекогаш остануваат заедно.
Уште едно искуство на фотограф е дека може да заклучи дали бракот ќе биде успешен според начинот на кој младенците ја сечат тортата. Доколку еден од нив го намачка со торта другиот и потоа следува одмазда… тие парови исто така не се долговечни.
извор: попара.мк