Љубов и Секс

Како да го обновите бракот по неверство?

Како да го обновите бракот по неверство?

Неверството е дефинитивно една од најпредизвикувачките работи со кои може да се соочи еден брачен пар.

Иако во многу случаи изневерувањето во брак води до развод, тоа не мора секогаш да биде случај. Ако сте решиле да му дадете втора шанса на вашиот сопруг, бидејќи покажал искрено каење за неговото (не)дело, она што треба да го знаете е дека ви претстои сериозна работа.

Имено, ако сакате да најдете начин како да функционира вашиот брак, ќе мора повторно да ја изградите скршената доверба. Според брачните советници, вежбите за градење доверба се најдобриот начин да се врати несигурната врска на вистинскиот пат.

„Лек“ за нарушената доверба

Дали имате идеја кој е најмоќниот лек за скршената доверба? Се разбира, отворена и искрена комуникација. За жал, комуникацијата е една од оние работи кои паровите ги земаат здраво за готово, убедени дека ништо не може да се реши само со разговор. Сепак, напротив, разговорот е суштината на решавањето на вашите проблеми. Разговарајте со сопругот за стравовите што ги имате, за причините што довеле до неверство, како и за чувствата што се појавиле кога сте дознале.

Препуштете се на простувањето

По разговорот, време е да ја откриете магијата на простувањето. Обновата на довербата навистина не е возможна ако не сте во можност искрено да му простите на вашиот сопружник. Иако може да изгледа како да му правите услуга со тоа што му простувате и правите да се чувствува подобро, вие всушност си симнувате товар од грбот. Лутината е она што ни тежи, и ако покажете способност да простувате, ќе се издигнете до големи височини во очите на вашиот сопруг. Тој ќе ве цени повеќе од кога било.

Доделувајте си мали задачи еден на друг

Важно е да се има предвид дека не е можно да се изгради доверба преку ноќ. Тоа е емотивен процес во кој двете страни мора да преземат активна улога. Имајќи го тоа на ум, можете еден на друг да си давате помали задачи и на тој начин да покажете дека му верувате дека навистина ќе го направи она што сте го замолиле да го направи. Тие задачи можат да бидат што било, од правење кафе, до фрлање ѓубре, до купување на намирници. Важно е да почувствувате дека можете повторно да се потпрете на вашиот сопруг.

Направете заеднички планови за иднината

Или вербално или писмено, можете да се обидете да направите некои нови заеднички планови за иднината. Се прашувате како тоа ќе ви помогне во бракот? Едноставно кажано, никој не е способен да му верува на некој кој не е заинтересиран да прави планови со него за иднината. Можеби таа иднина изгледа далеку, бидејќи повеќе не му верувате на вашиот сопруг, но ако почнете да правите планови за тоа кои места сакате да ги посетите во блиска иднина, ќе имате одреден фокус. Плановите може да се однесуваат и на купување работи, заштеда на пари, реновирање на домот или нешто слично.

извор:popara.mk