Радио Милева
Жестоко

Jелена Карлеуша никогаш посурова кон колегите: „Моите твитови се поважни од нечија кариера“ (видео)

Jелена Карлеуша никогаш посурова кон колегите: „Моите твитови се поважни од нечија кариера“  (видео)

Јелена Карлеуша е во очите на јавноста повеќе од еден месец, прво поради двата нови албума „Алфа“ и „Омега“, потоа поради бесплатниот концерт во Белград, а потоа и поради „поткачувањето“ на нејзините колеги од естрадата.

Откако жестоко и одговори на Светлана Цеца Ражнатовиќ, таа ја нападна Лепа Брена, а потоа на ред дојде „кралицата на бакшишите“ Теа Таировиќ.

Пејачката жестоко одговори на злонамерните коментари на Твитер, а преку својот Инстаграм профил се огласи од Дубаи каде моментално се одмара и ги полни батериите за нови деловни потфати.

– Не знам што се случува, ве оставам два дена и од се одам да се одморам, цело лето работев многу и се случува Трета светска војна – почна Јелена, па ги отпеа нејзините стихови од новата песна „Еуфорија околу моите приказни“, а потоа продолжи:

– Луѓе полека, полека! Претерувате! Знам дека моите твитови се повеќе важни од нечија кариера, но смирете се, ќе биде во ред. Брзо ќе се вратам и продолжувам таму каде што застанав – истакна пејачката.

Да потсетиме, Јелена се поткачи со  Теа Таировиќ  и тоа поради одговор на коментарот на еден корисник на социјалната мрежа Х „дека седи дома и само плука по колегите“.

– Додека Прија „растура“ во Арена, Теа кине во Америка, а некој седи дома, пишува твитови и плука по своите млади и успешни колеги… Секој според своите можности – се вели во еден твит. Јелена го виде овој коментар, па жестоко одговори во нејзин стил:

– А знаеш каде седам? Поздрав од Дубаи, одморам малку… Издадов два брутални албуми, имав брутална промоција со 10.000 луѓе, го снимив најдоброто видео, следува балканска турнеја… Уф!

П.С.: Во Америка не пеам во празни скара-кафе барови за 30 луѓе, туку гостувам на американската телевизија. Нема потреба да се навредуваме, ако сме неоформени – заклучи Ј.К.

Фото: Принтскрин/Дамир Дервишагиќ/Х/

Останати вести од Радио Милева