Никогаш не сум била жена која планирала да има одлична кариера. Искрено, не сакам да работам, сакам да сум домаќинка и да се грижам за мојот сопруг. Уште кога го гледав филмот „Жените на Степфорд“, знаев дека сакам таков живот, рече Моника Хулт (37) од Скотсдејл, САД, горда што го става сопругот Џон (39) на прво место.
Сепак, овој нејзин став за бракот предизвикува непријатност и одвратност кај поединците, иако навистина не треба да ги засега. Таа се присети на непријатните искуства.
Нејзиниот типичен ден се врти околу вежбање за да изгледа совршено, потоа околу готвење, грижа за куќата и исполнување на желбите на нејзиниот сопруг. Таа редовно објавува фотографии на Инстаграм каде има над 220.000 следбеници.
View this post on Instagram
– Џон го сака моето готвење. Тој секогаш вели дека храната е моја област и само сака убава вечера. Ако ме праша за нешто конкретно, секогаш го добива она што го сака. Сака да се облекувам убаво дома, онака секси и спортски, а не сака да се шминкам дома. Сакам кога ми дава инструкции – рекла таа.
– Кога тој е среќен, и јас сум среќна. Сакам да го гледам мојот сопруг среќен и мислам дека нема ништо лошо во тоа. Мислам дека мажите и жените се создадени поинаку и навистина нема ништо лошо во прифаќањето на тој факт, ниту пак има нешто понижувачко во тоа. Живеевме вака со векови, а дури сега луѓето го мразат овој начин на живот – објасни таа.
View this post on Instagram
– Што се однесува до спалната соба, јас сум многу покорна, а тој е доминантен. Ми се допаѓа кога мажот презема иницијатива и зема што сака. Секогаш му стојам на располагање и ми се допаѓа тоа – додаде таа.
Таа вели дека нејзиниот сопруг се грижи за нејзините потреби и желби и смета дека тоа е многу привлечно. Исто така, иако нема традиционална работа и сака да биде домаќинка, Моника е многу успешна во модата и заработува многу пари преку OnlyFans.
Моника спомена дека има многу луѓе кои ја поддржуваат и мислат дека нема ништо лошо во таквиот начин на живот, пренесува The Sun.