Поголемиот дел од жените сметаат дека за издржливоста на мажите во текот на сексуалниот однос заслужни се мускулите или пак нивната кондиција.
Меѓутоа – тоа не е вистина. Истражувачи од Универзитетот Кајзери во Турција, тврдат дека издржливоста кај мажите во текот на сексуалниот однос зависи од нивниот стомак – и тоа од неговата големина.
Во истражувањето учествувале 200 мажи на различна возраст и тоа покажало дека во сексот многу поиздржливи се мажите кои што имаат поголем стомак, односно чиј обем на половината е поголем од 92 сантиметри.
Исто така се докажало дека мажите со пивски стомак имаат поголема кондиција од оние кои што се во совршена и фит форма и со рамни стомаци.
Дури и доколку не верувате во ова, бројките кажуваат друго нешто: на покрупните мажи во просек им се потребни 7,3 минути да доживеат оргазам, додека пак кај послабите просекот е 2,5 минути, а оваа група имала и многу поголеми шанси за прерана ејакулација.
Објаснувањето е едноставно – повеќе масти во стомакот значи дека мажите можат да имаат поголемо ниво на естрадиол, женскиот секс хормон кој што го успорува доаѓањето на оргазмот.
извор:точка.ком.мк