Зорица Брунцлик со нетрпение го очекува Видовден, за да ја почести својата публика со спектакуларен концерт само еден ден пред нејзиниот роденден.
Сепак, како што обично се случува, ниту еден голем настан не може да помине без скандал. Зорица Брунцлик и Весна Змијанац за малку ќе се нашле повторно во клинч, бидејќи како што открива изворот за „Свет“, трета колешка сакала да ги скара.
Бидејќи постојано се шпекулира за комплицираниот однос меѓу пејачките, Зорица и Кемиш имале намера да ја поканат Весна да гостува на концертот, а потоа следел удар кој ја скрши Зорица.
– Весна беше мажена за Кемиш, а на неа и на него влијаат приказните дека Зорица им го растурила бракот. Затоа мислеа дека е добро да дојде Весна, но таа информација очигледно протече и колешка од „Гранд“ намерно објави фотографија во медиумите на која Кемиш и Весна се бакнуваат. И ги поттикна тие озборувања за тепачки, кавги и драми. Зорица беше навистина погодена од тоа, па можеби нема ни да и се јави на Весна – вели добро упатен извор.
Иако овие приказни ги повредија и двете пејачки, Зорица Брунцлик и Весна Змијанац одамна го оставија минатото зад себе и со години имаат коректен однос.
фото:АТА Images/приватна архива/принтскрин стори.рс