Ако имате цел што сакате да ја постигнете на работното место, обрнете внимание на вашиот изглед и на одредени трендови за убавина. Современите трендови за убавина ја кријат природната убавина, па сè што гледате на модните писти не е соодветно за во канцеларија, особено ако сакате да напредувате. Во продолжение погледнете кои грешки можат лесно да го спречат вашето напредување во кариерата.
Премногу темен тен
Летото е кратко, никогаш не ви е доста од сонцето и никој не сака да има блед тен. Сепак, ако шетате низ канцеларијата цела година со портокалова боја на кожата и ги нервирате колегите заради тоа, вашите можности за напредување се многу мали. Современите работодавци претпочитаат да ги унапредуваат вработените со добар вкус, особено ако вашата професија е поврзана со комуникација со луѓе. Ако сакате да напредувате, изберете соодветна нијанса на бронзер – неколку нијанси посветла од вашиот природен тен со златен сјај, а не жолт.
Неприродни веѓи
Бујните веѓи станаа многу популарни, но понекогаш изгледаат застрашувачки, а очите одбивни. Не дозволувајте да паднете на овој тренд, па ако сакате кариера, изберете експерт кој ќе ги направи вашите веѓи да изгледаат природно и неодоливо.
Неуредна коса
Несредената фризура и нечистата коса ги одвраќаат другите од вас, а ако вашиот работодавец е жена, тогаш дополнително треба да обрнете внимание на косата. Вашиот шеф размислува вака: „Ако не се труди да изгледа добро на работа, тоа значи дека работата не ѝ е важна, па зошто би ја унапредил“.
Неуредни раце и нокти
Неиздепилираните раце и долгите нокти изгледаат страшно. Одете во салон за убавина и потрудете се вашите нокти да изгледаат уредно, а маникирот секогаш да изгледа свежо.
извор:кафепауза.мк