Живот и Стил

Греено бело вино: Симфонија на вкусови за празничните денови, рецепт кој пристигнува од Шпанија

Греено бело вино: Симфонија на вкусови за празничните денови, рецепт кој пристигнува од Шпанија

Еден од омилените зимски напитоци со којшто можеме најдобро да се згрееме секако е грееното вино.

Вообичаено луѓето го греат црвеното вино, но еве како да го направите истото и со белото вино.

Состојки:

– 1 литар бело вино;
– 2 портокали;
– 8 лажици шеќер;
– лажичка мед;
– 4-5 парчиња анасон;
– 4-5 каранфилчиња;
– 3-4 стапчиња цимет (цимет во прав доколку немате стапчиња).

Подготовка:

Портокалот употребете го за грееното вино на следниот начин: од еден исцедете сок којшто ќе го ставите во виното. Другиот добро измијте го и исечете го на кругови заедно со кората.

Ви преостанува во едно тенџере да ги измешате сите останати состојки и да оставите да зовријат, на пониска температура околу 15-20 минути.

На здравје!

Извор: Точка

To top