Семејството е најголемото богатство кое може да го има еден човек, а кога сите се на број, големината на тоа што го имаме е непроценлива.
Фолк пејачката Сузана Гавазова пред неколку години се врати од Шведска во родната Македонија и поблиску до членовите од потесното семејство.
Сега сите заедно во Струмица имаат повеќе заедничко време за да ги споделат сите нешта од животот. Еден таков убав повод беше јубилејниот роденден на мајката на Сузе.
Имено, баба Руса наполни 70 години и зачекори во осмата деценија од животот. Крајот на месец јануари во нивниот дом е резервиран за роденден, а и овој пат имаше и роденденска торта и свеќички со бројот на годините.
-Среќен роденден мајко моја! Да си ни жива и здрава, напиша пејачката на објавата каде баба Руса ја држи тортатата во рацете.
Ова не е првпат Сузе да ја покаже мајка си, а генерално не е резервирана кога станува збор за претставување на нејзините блиски пред пошироката јавност.
Либералниот став веројатно го имаат и тие, па не ретко можеме да посведочиме и на вака убави моменти од нивната приватност кои Гавазова ги објавува на својот Инстаграм профил како и сега.
Среќен роденден!