Аманда Нибер на своите пријатели би можела да им се пофали дека не е од оние мајки кои постојано влегуваат во собата на своите тинејџери да ги за да ги контролираат.
Згора на сè, Аманда вовела непишано правило дека нема да му пречи на својот петнаесетгодишен син да порасне, но и дека од него очекува слободно да í се обрати кога ќе има проблем или дилема.
На прв поглед, сè изгледа уредно и чисто, но кога стигнала до делот под креветот, за малку не се онесвестила.
– Бев запрепастена од глетката. Ми се слоши… Кога излегов, заплакав. Дали дозволив мојот син да биде неуреден? На подот, најдов огромни количини празни кесички од грицки, празни лименки од сок, но и остатоци од пица, подобро да не размислувам од кога. Имаше и некои еротски списанија под креветот, глава ме заболе – раскажува Аманда.
Иако речиси доживеала нервен слом, коментарите на социјалната мрежа ја утешија.
„Тоа е нормална појава за тинејџер. И јас наоѓав секакви работи под креветот на син ми и во фиоките“, „Ќути, подобро ѓубре, отколку гола пријателка“, „Опушти се и спушти ги критериумите за уредност додека е во таа фаза“, беа некои од коментарите.
@amandanighbertrdWhen is the last time you cleaned under your teenagers bed?!! ##boys ##teenagers