Младата ТВ водителка Анастасија Богданоска или како што милува да ја нарекуваат, Деа, за доста брзо време успеа да стане едно од препознатливите ТВ лица во земјава и со својата непосредност, шарм и снаодливост пред камерите, гледачите да ја засакаат.
Освен на телевија, Деа е популарна и на социјалните мрежи на кои секојдневно е активен корисник.
Таа доста ја сака модата, а за себе вели дека ужива да вложува, бидејќи влогот во себе е најисплатливиот.
Деновиве на својот Инстаграм најави нешто ново, но остана дискретна со тоа што напиша дека одбројува ситно го објавувањето на она кое го подготвува периодов.
Во меѓувреме, изненади и со фотграфија на која е прилично провокативна во фустан со шлиц до препони од кој покажа повеќе кожа од вообичаено, во изглед на кој не сме навиканти да ја гледаме, а мора да се признае дека изгледа одлично.
Што конкретно ќе видиме од оваа убава и позната млада дама, останува да го почекаме одбројувањето…