Нема поубаво чувство од тоа да се добие свој наследник, плод на љубовта кој ќе те радува во животот.
Таа среќа ја дочека познатиот фолк пејач Кирил Митоски и неговата сопруга Весна.
Имено, гордиот татко на социјалните мрежи пред своите пријатели, обожаватели и следбеници ја сподели убавата вест дека тој и неговата сакана сопруга станаа родители на девојче.
Имено, бебенцето го доби името Јована, а под објавата на пејачот се нижеа коментари со честитки до недоглед.
Инаку, оваа брачна двојка неодамна прослави петгодишнина од бракот, а интересно е тоа што и двајцата работат во Националната установа за народни игри и песни, „Танец“, тој како пејач, а таа како игроорка, а освен тоа Кирил подолг период успешно ја богати и својата музичка кариера.
Честитки!