Љубов и Секс

Еве зошто мажот ја остава жената иако е добра во секој поглед

Еве зошто мажот ја остава жената иако е добра во секој поглед

Сигмунд Фројд бил австриски психијатар познат како основач на психоаналитичката школа. Тој се смета за еден од највлијателните, но и најконтроверзните научници на 20 век.

Тој ја изнел теоријата според која човекот е несвесно суштество, без можност за слободно одлучување, кој не може да носи рационални одлуки, па дури и да владее со себеси. Постојат безброј причини зошто двајца луѓе се разделуваат, но најчестото прашање е зошто некој ја напушта личноста иако таа е видно добра во секој поглед.

Ќе ги разгледаме причините зошто мажите го прават тоа, всушност, зошто оставаат добри жени, со три мудри цитати од Фројд и неговите објаснувања:

„Ако парот повеќе не влегува во конфликти, тогаш престанала и љубовта“
Отсуството на било каков конфликт во еден однос може да доведе до прекин на развојот во истиот. Се разбира, балансот и дозата се битни. Здравата дискусија е во ред, секое претерување не е. Факт е дека со добра жена тешко доаѓа до расправии, но исто така постојат граници кои не треба да се надминат и по секоја цена во сите ситуации да бидеме добри. Тоа значи дека здрав и конструктивен разговор е потребен во односот, сè со цел да се решат одредени недоразбирања.

„Во човековата природа е да го цени и сака тоа што не може да го има“
На почетокот од секоја врска, чувствата кои нè водат е лесно да ги дефинираме. Станува збор за т.н. почетен адреналин кој е предизвикан од интриги, неизвесности и слично. Меѓутоа, кога врската ќе стане стабилна, тогаш односот ви станува помалку интересен, дури и не е важно дали жената покрај вас е добра или не. Го губите интересот, бидејќи односот е постигнат, па затоа земате сè „здраво за готово“. Едноставно, во човековата природа е да се цени тоа што го нема или не може да го постигне, а кога ќе го добие и постигне, тогаш работите стануваат помалку интересни за вас.

„Оној кој сакал многу жени ги познава жените. Оној кој сакал една жена, ја знае љубовта“
Фројд тука јасно го нагласил правилото кое гласи: „Луѓето кои ги сакаме не ги напуштаме“. Фројд потенцирал: „Спремни сме да останеме покрај некоја личност, само ако чувствуваме љубов“. Да се продолжи врската како навика со чувство на должност и сожалување или пак заеднички стекнат имот е едноставно непотребно. Но, несреќата е што, многу од паровите продолжуваат да живеат така. Кога станува збор за вистински однос, однос во кој има љубов, тука и остануваме. Тука нема пресметливост, ниту калкулирање. На крај од денот, сè е индивидуално.

Препознајте во каков однос сте и многу лесно ќе донесете одлука дали ќе останете или сте го загубиле интересот.

извор:точка.ком.мк

To top