Љубов и Секс

Еве што сакаат жените најмногу да им зборуваат мажите во текот на сексуалниот однос

Еве што сакаат жените најмногу да им зборуваат мажите во текот на сексуалниот однос

Шепкањето, комплименти и останати слатки зборови за време на сексуалниот однос можат дополнително да предизвикаат возбуда, а доколку се изберат вистинските зборови тогаш играта може да го достигне највисокото ниво.

Многу од мажите се прашуваат што всушност жените сакаат да слушнат за време на сексуалниот однос.

Психотерапевтка и експерт за односи, Кејт Мојл, во интервју за „Дејли стар“ открила што сакаат жените да слуишнат кога мажите им зборуваат во кревет.

„Не постои специфична фаза, но сè се сведува на позитивно поттикнување. Поради тоа тие се чувствуваат добро. Тоа значи дека сакаат кога партнерот ќе им каже дека се чувствува добро и ужива во тоа“ – појаснила Мојл.

Сепак таа истакнала дека е важно и двете страни да бидат искрени за да може меѓусебно да се разберат еден со друг и да дознаат всушност во што најмногу уживаат.

„Сите сакаат да имаат добар секс, но на крајот сè се сведува на нивниот однос“ – навела Мојл додавајќи дека понекогаш не е лошо да го насочите партнерот на неговите движења, допири и останати детали за време на сексуалниот однос.

„Доколку некое нешто кое го направил вашиот партнер не ви се допаднало тогаш треба да го истакнете тоа другото, тоа што ви се допаднало. Информацијата е изречена, но е примена на некој друг начин“ – заклучила Мојл.

извор:точка.ком.мк/кармин

To top