Љубов и Секс

Еве колку време навистина им е потребно на жените да постигнат оргазам за време на сексот

Еве колку време навистина им е потребно на жените да постигнат оргазам за време на сексот

Сексот во реалниот живот се разликува од оној во филмовите. Нова студија откри колку време ѝ е потребно на просечната жена да доживее оргазам во текот на сексуалниот чин.

Во истражувањето учествувале 645 жени од 21 земја, а било мерено времето потребно за да постигнат оргазам. Научниците ја означија оваа студија како прва од овој вид, а мисијата била да се измери времето меѓу почетокот на возбудата и оргазмот.

Резултатите се објавени во Journal of Sexual Medicine, а го дефинираат почетокот на возбудувањето како интензивна желба за секс поради присуството на еротски стимуланси кои ги буди партнерот, а кои жената ги добива низ одредени аудиовизуелни методи или и двете.

Времето потребно за жените да достигнат оргазам се движело од 5 минути до нешто повеќе од 21 минута. Се истакнува дека на жените им е потребно двојно повеќе време да постигнат оргазам отколку на мажите. Истражување од 2009 година покажа дека на мажите во просек им се потребни 6 минути.

Извор: Попара.мк

To top