Иако сè што е поврзано со сексот е исклучително индивидуална работа и зависи од многу фактори, експертите тврдат дека, кога станува збор за жените, останува уште еден ден во кој тие го доживуваат најсилниот оргазам.
Иако звучи мистериозно, објаснувањето е доста логично, а студијата во која учествуваа дами на возраст од 18 до 35 години, покажа дека „Д ден“ е, всушност, 14-тиот ден од менструалниот циклус.
Научниците користеле ултразвук за да го измерат протокот на крв во клиторисот и утврдиле дека точно среде нормален циклус од 28 дена, клиторисот се зголемува за дури 15 до 20 проценти!
Овој ден исто така се совпаѓа со овулацијата, а интервјуираните дами опишаа дека тие полесно достигнале оргазам во текот на 14-тиот ден, како и дека тој бил значително поголем во интензитет отколку во другите денови.
„Околу 14-тиот ден од циклусот, хормоните, прогестеронот, естрогенот и тестостеронот се на највисоко ниво. Прогестеронот и тестостеронот имаат позитивен ефект врз либидото, а естрогенот помага полесно да се постигне сексуалната возбуда. Затоа, зголемувањето на клиторисот, најверојатно, е последица на покачено ниво на хормони “, објасни гинекологот Ким Лангдон.