Љубов и Секс

Експертите советуваат: Жени, вака вашиот оргазам ќе трае и повеќе од 20 секунди!

Експертите советуваат: Жени, вака вашиот оргазам ќе трае и повеќе од 20 секунди!

За добро расположение, жените треба најмалку три пати во неделата да доживеат оргазам. Еве неколку совети како оргазмот да трае по 20 секунди и повеќе.

„Доколку жената сексуално е задоволна, тогаш таа ќе се чувствува фантастично затоа што прави нешто добро за себе, а истовремено и другите ќе можат да го поднесат нејзиното добро расположение“, изјавила д-р Андреа Пенингтон.

„Без оглед на тоа што повеќекратниот оргазам има многу предност, лошо е тоа што на секои три машки оргазми доаѓа еден женски. Тоа би требало да се смени“, додала таа.

Големиот оргазам може да се состои од 10 до 15 мали „налети“ во кои телото испушта напнатост, а малиот оргазам од 3 до 5.

При оргазам се зголемува доводот на крв во гениталиите, а вашиот мозок се фокусира на сетилото во целост – во текот на оргазмот губиме свест за звуците и мирисите кои се наоѓаат меѓу нас.

Експертите затоа одлучиле да дадат неколку совети со помош на кои ќе може да направите оргазмот да трае подолго.

1. „Еџинг“ техника – станува збор за достигнување на оргазам, а потоа нагло повлекување. Кај 65 отсто од испитаните жени, оние кои го направиле овој трик имале помоќен оргазам.

2. Паузирање – кога ќе почувствувате дека оргазмот се приближува, оттргнете се од партнерот. Тоа ќе ви дозволи дополнителна минута или две за да „одморите“, а потоа може да продолжите таму каде сте запреле.

3. Дистракција – смислете нешто што ќе ви го одвлече вниманието кога се приближува оргазмот. Тоа може да биде тапкање по внатрешната страна од колковите.

извор:кармин/точка.ком.мк

To top